Почнувајќи од втората половина на минатиот век, заштитата на животната средина се здобива со се поголемо значење на меѓународно ниво. Индикатор за ова се големиот број меѓународни конвенции кои ја регулираат оваа област (Архуска конвенција, Бернска конвенција, Еспо конвенција итн.) Меѓутоа, прашањата за заштита на животната средина имаат извршено влијание и врз други регионални механизми за заштита на човековите права, како што е Европската конвенција за човековите права. Иако оваа конвенција директно не ја регулира областа за заштита на животната средина, се почесто пред Европскиот суд за човекови права, индивидуи и организации се повикуваат на неа.
January 22, 2022
Заштита на животната средина преку механизмите за човекови права (3)
December 21, 2021
Правото на пристап до енергија и енергетската криза
© PEi Power Engineering International
November 26, 2021
Заштита на животната средина преку механизмите за човекови права (2)
Изминатата деценија кај активистите
и организациите за заштита на животна средина се вроди тенденција да го
користат Европскиот систем за заштита на човековите права за да помогнат во
справувањето со еколошките проблеми. Бројни меѓународно правни стандарди
развиени од Советот на Европа - особено засметувајќи ги и Европската
конвенција за човекови права (ЕКЧП), Европската социјална
повелба и Бернската
конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта – редовно
и успешно се повикувани пред судовите во прашањата за заштита на животната
средина.
Европскиот суд за човекови права досега има одлучено по околу 300 случаи поврзани со животната средина, применувајќи концепти како што се правото на живот, слободата на говорот и семејниот живот за третирање на широк спектар прашања и проблеми од областа, вклучувајќи загадување, вештачки или природни катастрофи и пристап до информации за животната средина. Европската конвенција за човекови права исто така е често користена од активисти на национално ниво со цел да ги охрабрат владите да преземат соодветни чекори и политики за справување со климатските промени и деградацијата на животната средина.
October 23, 2021
Заштита на животната средина преку механизмите за човекови права (1)
1. Врамување на поимот „животна средина" во меѓународното право за човекови права (системот на ООН)
Заштитата на животната средина, генерално гледано, се наоѓа во почетоците на нејзиното регулирање во рамките на меѓународното право, а особено кога ја анализираме низ призмата на човековите права и механизмите за нивна заштита. Иако основните инструменти за заштита на човековите права[1], кои патем се изготвени долго пред да се појави минимум консензус и колективна свест за прашањата за животната средина, не се осврнуваат на ова прашање, денес во правната теорија е општо прифатен ставот дека човековите права и животната средина се меѓусебно поврзани.[2]
September 14, 2021
Референдумот како облик на непосредна демократија и неговата употреба во еколошката сфера
https://www.porta3.mk/slovenija-na-referendum-gi-zashtiti-vodotecite/
Во последно време сме сведоци на важни трансформативни процеси на јакнење на правните механизми за непосредно изјаснување на граѓаните по прашања од областа на животната средина. На 11 јули оваа година граѓаните на Словенија со убедливо мнозинство на референдум одржан на државно ниво ги отфрлија предложените измени на Законот за води. Намерата на словенечката влада да го измени Законот за води предизвика жестока дебата во јавноста, особено делот кој се однесува на градење на објекти покрај водотеци, односно море, реки и езера.
July 1, 2021
Неколку зборови за... професијата еколошки правник
Environmental Lawyer: How an Attorney Is Key to Getting Results
June 13, 2021
Стратешки тужби против учество на јавноста (SLAPP) за прашања поврзани со животната средина – закана за демократијата и човековите права
Што се SLAPP (Strategic Lawsuits Against
Public Participation)?
Овој термин се однесува на стратешки тужби покренати за да го спречат или отежнат учеството на јавноста, односно да замолчат или заплашат поединци или организации вклучени во активности од јавен интерес – кампањи, застапување, известување, итн. Овие судски процеси се иницирани најчесто од компании или бизнис- и политички моќници. Нивна мета се активисти, невладини организации, истражувачки новинари, научници и академици, како и останати граѓани кои укажале на постоење на штетни и незаконски активности, или пак изразиле критички став за прашања од политичко или општествено значење.[1]
May 22, 2021
(РСМ) Примена на Архуската Конвенција за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина (2)
Студија на случаи од Полошкиот регион
Целта на Архуската Конвенција[1] (во понатамошниот текст: Конвенцијата), дефининирана во Член 1, претставува придонесот кон заштитата на правото на секој поединец од сегашните и идните генерации, да живее во животна средина што е соодветна за неговото здравје и добросостојба, при што секоја договорна Страна ќе ги гарантира правата на пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето, и на пристап до правда за прашањата поврзани со заштитата на животната средина. Спроведувањето на Конвенцијата може да го согледаме преку анализа на нејзината примена во досегашната практика на централните и локалните власти во нашата држава. Во продолжение ќе бидат обработени два примери од Полошкиот регион на (не)соодветна примена на неколку членови од Конвенцијата.
May 16, 2021
(РСМ) Примена на Архуската Конвенција за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина (1)
![]() |
| Градски парк „Љупчо Шкартов“, 2018 |
Во овој прилог, меѓу другото, ќе биде изложено постапувањето на Општина Кавадарци спротивно на начелото на активна транспарентност што Архуската Конвенција[1] (во понатамошниот текст: Конвенцијата) и релевантното национално законодавство го стипулираат како обврска на јавните власти, а особено локалната самоуправа. Следствено, ќе биде аргументирано како ова (не)постапување ја спречи засегнатата јавност да го искористи и своето право на учество во носењето на одлуки поврзани со животната средина.
May 1, 2021
Енергетската сиромаштија како суштински предизвик во преминот кон климатски неутрална Европска Унија
Комуникацијата на Европската Комисија за „Европски зелен договор“[1] се заснова на определбата за зголемување на климатските амбиции на ЕУ за 2030 и 2050 година. Eден од најгорливите предизвици во остварувањето на заложбата за климатски неутрална Унија претставува енергетската сиромаштија со која се соочуваат определени региони во ЕУ.




