June 24, 2022

Проблематизирање на плановите на Европската Унија за декарбонизација

 

                                                                        Source: www.interregeurope.eu

   Вовед

    Енергијата претставува централна област на правото и политиката на ЕУ уште од нејзиното основање. Два од вкупно трите основачки договори (Договорите) се фокусираа на енергијата: (сега веќе вон-сила) Договорот за основање на европската заедница за јаглен и челик и Договорот за основање на европска заедница за атомска енергија.[1] Дополнително и третиот, погенерален, Договор на Европската економска заедница ја вклучуваше и енергијата во својот опсег. Една од водечките рани пресуди на Европскиот суд на правдата, Коста против Енел, од 1964 година се однесуваше на енергијата и ја потврди улогата на енергетскиот сектор како дел од економските активности опфатени со правото и политиката на ЕУ.[2]