May 29, 2026

Рефлексии: Зошто на еколошкото право не треба да гледаме како на „мода“, а на еколошките теми како на „помодарство“

 

https://perm-es.com/en/liabilities

                             

      Несомнено е дека, децении после западниот свет, полека, но сигурно, за важноста на еколошките теми почнуваме да се освестуваме и кај нас, во нашиот, македонски контекст. Се бележи тренд на организирање на сé повеќе настани — семинари, конференции, јавни дискусии и дебати на еколошки теми, се организираат работилници во основните и средните училишта и на факултетите. Факт е дека голем дел од овие настани бележат голема посетеност и се помпезно најавувани, најчесто со презентери и излагачи од владините институции или дипломатски претставници кои придонесуваат за подигање на рејтингот и препознатливоста на настанот во медиумите. Претставниците од научната јавност ретко кога се во улога на главни воведничари на настанот.

        Но, по завршувањето на настанот, кога се гасат камерите и микрофоните, се чини дека суштината на самата еколошка идеја и цел заради која бил организиран настанот, најчесто не продолжува да живее со граѓаните — дотогашната публика.

Популарни текстови