December 21, 2021

Правото на пристап до енергија и енергетската криза

  

                                                    © PEi Power Engineering International


    Развојот на општествата, зголемувањето на човековата популација, како и процесот на глобализација, неминовно ја зголеми и потребата од пристап до енергија. Пристапот до современи енергетски услуги е предуслов за надминување на сиромаштијата и почитување на основните човекови права. Постојат истражувања кои покажуваат позитивна корелација помеѓу стапката на нето потрошувачката на енергија на земјите и рангот на нивниот индекс на човековиот развој (ИЧР), потврдувајќи дека варијаблите на ИЧР се позитивни поради влијанието на зголементата достапност на енергија. Недостатокот или тешкотиите во пристап до модерните енергетски услуги од страна на домаќинствата се нарекува „енергетска сиромаштија“, и се однесува особено на пристапот до електрична енергија. Имено, голем број на недоволно развиени општества сè уште имаат проблеми да пристапат до електрична мрежа иако правото на соодветен животен стандард како основно човеково право подразбира и право на пристап до (електрична) енергија.