May 29, 2026

Рефлексии: Зошто на еколошкото право не треба да гледаме како на „мода“, а на еколошките теми како на „помодарство“

 

https://perm-es.com/en/liabilities

                             

      Несомнено е дека, децении после западниот свет, полека, но сигурно, за важноста на еколошките теми почнуваме да се освестуваме и кај нас, во нашиот, македонски контекст. Се бележи тренд на организирање на сé повеќе настани — семинари, конференции, јавни дискусии и дебати на еколошки теми, се организираат работилници во основните и средните училишта и на факултетите. Факт е дека голем дел од овие настани бележат значителна посетеност и се помпезно најавувани, најчесто со презентери и излагачи од владините институции или дипломатски претставници кои придонесуваат за подигање на рејтингот и препознатливоста на настанот во медиумите. Претставниците од научната јавност ретко кога се во улога на главни воведничари на ваквите настани.

        Но, по завршувањето на настанот, кога се гасат камерите и микрофоните, се чини дека суштината на самата еколошка идеја и цел заради која тој бил организиран, најчесто не продолжува да живее со граѓаните — дотогашната публика.

March 26, 2026

Настан на тема „Правото во одбрана на природата: Како граѓаните да ги користат правните механизми за здрава животна средина?“ одржан во соработка со „Еко-свест“

 



    На 26 март оваа година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Блогот Зелена Инцијатива кој го уредуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ под водство на проф. д-р Илина Ценевска од Катедрата по Право на Европска Унија, беше одржан настан на тема: „Правото во одбрана на природата: Како граѓаните да ги користат правните механизми за здрава животна средина?“.

    Свои излагања и дискусија со студентите имаа м-р Марко Гучески и м-р Милијана Богданоска, еколошки правници од „Еко-свест“, кои зборуваа за активностите кои ги презема нивната организација за обезбедување на правна поддршка и советување на граѓаните кои се соочуваат со различни видови на еколошки проблеми во нивната непосредна животна околина. Меѓу другото, беше промовирана и алатката „Зелен телефон“ како механизам преку кој граѓаните можат да пријават еколошки проблем и да побараат правна помош.