March 2, 2022

Заштита на животната средина во време на воен конфликт – краток преглед на важечката меѓународна правна рамка


     Нафтени полиња во Кувајт опожарени од воените сили на Ирак, 1991 (извор: Wikipedia)


    Актуелните воени случувања во Украина, меѓу другото, ги ставија во фокусот на јавноста еколошките последици од воените конфликти и важноста за ефективна примена на релевантните меѓународно-правни инструменти за заштита на животната средина во време на војна. Во текот на изминатите денови, руската војска изврши напади на складиште за радиоактивен отпад и нафтена постројка во близина на украинската престолнина Киев, гасовод во градот Харков, како и гранатирање околу нуклеарната централа Запорожје во Енерходар, најголемата од овој вид во Европа.[1] Еколошката штета предизвикана од овие и слични дејствија би можела сериозно и долгорочно да се одрази на здравјето на луѓето и на природната околина. Оштетувањето на електраните, хемиските постројки и другите индустриски инсталации честопати влијае на дистрибуцијата на вода и на канализациските системи, што пак доведува до сериозни последици за изворите на вода и подземните води, почвата и земјоделските површини.[2]