“Земјата нуди доволно за да ги задоволи потребите на секој
човек, но не и алчноста на секој човек”
- Махатма Ганди
“Земјата нуди доволно за да ги задоволи потребите на секој
човек, но не и алчноста на секој човек”
- Махатма Ганди
Source: www.interregeurope.eu
Вовед
© PEi Power Engineering International
Комуникацијата на Европската Комисија за „Европски зелен договор“[1] се заснова на определбата за зголемување на климатските амбиции на ЕУ за 2030 и 2050 година. Eден од најгорливите предизвици во остварувањето на заложбата за климатски неутрална Унија претставува енергетската сиромаштија со која се соочуваат определени региони во ЕУ.
Четвртиот круг преговори на Европскиот Парламент, Советот и Комисијата околу новата Регулатива на Европскиот Парламент и Советот за воспоставување рамка за климатска неутралност, популарно позната како Европски климатски закон, заврши на 12-ти март оваа година. Носењето на климатската регулатива претставува приоритет за португалското претседателство со Советот на ЕУ, но се чини дека тврдите позиции на Советот и Парламентот ризикуваат да го одложат нејзиното усвојување.