February 24, 2021

Европскиот зелен договор и климатската цел за „нула емисии“


https://www.onthemosway.eu/15-organisations-from-the-transport-sector-call-for-a-bold-and-realistic-european-green-deal/?cn-reloaded=1

    Европскиот зелен договор (European Green Deal) на Европската Унија означи нова ера во начинот на кој Унијата ги води и развива своите политики. Целите на „Европскиот зелен договор“ беа утврдени во Комуникација на Европската Комисија усвоена во декември 2019 година. Определбите содржани во овој договор се продукт на посветеноста на Европската Комисија за справување со климатските промени и предизвиците поврзани со животната средина.

Зошто блог за Еколошко право и политики?

    Целта на овој блог е да се ангажира со актуелните проблеми и предизвици поврзани со заштитата на животната средина во нашата држава, регионот, Европа, и пошироко, да ги доближи и поблиску да ја запознае јавноста со нивната важност и итноста за нивно решавање.

Сега, како никогаш повеќе, станува јасно дека јавните политики и дебати треба да се фокусираат на грижата за гарантирање на високо ниво на заштита на животната средина, сфатена во нејзината најширока смисла. Човековата благосостојба и здравје се неразделен дел од мисијата за зачувување и унапредување на квалитетот на животната средина и борбата против климатските промени. Оттаму, овој блог има за намера да расветли одредени значајни прашања поврзани со овие теми, ставајќи ги во функција на тековно и идно креирање на „зелени“ политики, акции и активности, но и да повика на спречување на таквите кои ѝ штетат на животната средина и го деградираат нејзиниот квалитет и целовитост.

Во подготовката на блогот „Зелена иницијатива“ учествуваат студенти, правни експерти, практичари, како и други активни чинители кои делуваат на полето на заштитата на животната средина.


Почнуваме! Со среќа!


 

                                Images: Unsplash/Markus Spiske / https://friendsoftheearth.uk/northern-ireland