March 23, 2021

(РСМ) Државниот инспекторат за животна средина воспостави соработка со новиот Граѓански инспекциски совет

    
  https://nezavisen.mk/formiran-gragjanski-inspekciski-sovet/
    
    На 22-ри март оваа година беше формирано ново тело, Граѓански инспекциски совет кој го сочинуваат дваесет и шест невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции активни на полето на заштитата на животната средина. Новоформираното тело ќе соработува со Државниот инспекторат за животна средина на РСМ, доближувајќи ја работата на овој државен орган поблиску до проблемите на граѓаните. Со оглед на ограничените ресурси и малубројниот стручен кадар со кои располага, Државниот инспекторат ќе може да ги користи капацитетите на членките на Граѓанскиот инспекциски совет, со нивна помош обезбедувајќи ги потребните информации, научни анализи и експертиза. Се очекува дека овој пристап ќе овозможи поефикасно и поефективно справување, но и превенирање, на проблемите на животната средина кај нас. 
    Во рамки на воспоставената соработка, Инспекторатот и Советот ќе можат заеднички да работат на подготовка на релевантни студии и истражувања и да даваат предлози за измени на постојното законодавство и реформирање на механизмите за негова примена.

Повеќе за ова тело можете да прочитате на: Граѓански инспекциски совет (НМ)


No comments:

Post a Comment