October 6, 2022

Mar Menor - најголемата лагуна со солена вода во Европа - стана правен субјект



Извор: https://english.elpais.com/spanish_news/2020-07-24/new-law-protecting-spains-mar-menor-leaves-nobody-satisfied.html

Мар Менор, најголемата лагуна со солена вода во Европа, лоцирана во Мурсија, југоисточна Шпанија, во септември оваа година официјално стана првиот европски екосистем кој се здоби со статусот на правен субјект и законските права кои произлегуваат од него.

Ваквата иницијатива за признавање на правниот статус на еден екосистем со цел негова заштита следи слични вакви иницијативи на други места во светот – изминатите години на водни тела во Еквадор, Колумбија и Индија ѝм беа доделени законски права. Исто, во 2017 година, во Нов Зеланд беше донесен закон со кој на реката Te Awa Tupua, трета по големина во оваа држава, ѝ беше доделен статус на правен субјект. Локалното Маори племе Вангануи 140 години се бореше за признавање на оваа река како предок (ancestor).
По повод доделениот правен статус на реката, нивните претставници го изјавија следново: „Се боревме […] за да можат сите други да разберат дека од наша перспектива третирањето на реката како жив субјект е правилниот начин на кој треба да ѝ се пристапи, како на една неделива целина, наместо традиционалниот модел на постапување во последниве сто години кадешто таа беше третирана исклучиво од позиција на сопственост и управување“.
Ваквиот чекор „не се застапува за
анти-развојна или анти-економска употреба на реката, туку поаѓа од централното верување дека реката претставува живо суштество, и од таа позиција ја согледува нејзината иднина“, велат тие.

No comments:

Post a Comment