October 28, 2025

Одржана меѓународната конференција “Nature Policy as a Foundation for Conservation“ во организација на „Еко-свест“

 


    Ни беше задоволство да присуствуваме на меѓународната конференција “Nature Policy as a Foundation for Conservation“ која се одржа денес, 28 октомври, во Скопје, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, една од најактивните еколошки организации во нашата држава.

На настанот со свои излагања земаа учество претставници од меѓународните и државните институции, експертската јавност, стручњаци од пракса и многу други, кои овозможија учесниците на настанот да ја добијат целосната слика во однос на состојбата со заштитата на природата и заштитените подрачја и видови кај нас, истовремено ставајќи акцент на предизвиците, проблемите и потребите за идни промени, особено, во тој контекст, потребата за носење на нов Закон за природата како еден од стожерите на македонско еколошко законодавство кој би бил целосно усогласен со важечката правна регулатива на ЕУ во оваа област.

Честитки за „Еко-свест“ и им посакуваме многу вакви успешни настани и во иднина! 🌳🌱🌲

April 26, 2025

Иницијативата на Европската Комисија за регулирање на „еколошкиот отпечаток“ на дигиталниот сектор во ЕУ


www.giki.earth


    Во светот што сè повеќе се движи кон дигитализација и технолошки напредок, Европската унија останува предводник на глобалните напори за одржлив развој. Во тој контекст, Препораката на Комисијата (ЕУ) 2021/2279 од 15 декември 2021 година за употреба на методите за еколошки отпечаток за мерење и соопштување на еколошките перформанси на производите и организациите се наметнува како клучен документ што ги поврзува економскиот раст, иновациите и заштитата на животната средина. Преку неа, Европската комисија воведува унифицирани методологии — Product Environmental Footprint (PEF) и Organisation Environmental Footprint (OEF) — кои овозможуваат објективно, транспарентно и споредливо мерење на еколошкиот отпечаток односно влијание на производите и организациите.